Македонија
23. јуни 2020 - 13:56

Спасовски – Дивјак Томиќ: Соработката и пријателството се во развој и продолжуваат со цел стабилен регион и заштита на јавното здравје Спасовски – Дивјак Томиќ: Соработката и пријателството се во развој и продолжуваат со цел стабилен регион и заштита на ј

Северна Македонија и Србија имаат традиционално добри пријателски односи, a последните три години бележат пријателство и соработка во развој, поради остварени значајни конкретни проекти што придонесуваат за унапредувањето на комуникацијата и соработката, како меѓу нашите две држави, така и во регионот, констатирано било на денешната средба на премиерот Оливер Спасовски со Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорка на Република Србија, која го завршува својот мандат во нашата држава.

Меѓу позначајните проекти, посочени се системот за гранично управување на преминот Табановце – Прешево, по принципот One Stop Shop, од голема полза за граѓаните на двете земји, за економиите и туризмот, потпишаната спогодба за отворање заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, одличната соработка на кризните штабови на двете држави, во услови на светската здравствена криза.

Амбасадорката Дивјак Томиќ, како што информира владината прес-служба, изразила очекување дека Република Северна Македонија ќе продолжи по интеграцискиот пат, со реализација на европските аспирации, што ќе биде влог на нашата држава во стабилноста внатре во земјава и за регионот.

-Пред нас се шанси за уште поголемо унапредување на билатералната соработка, но и за унапредување на соработката меѓу државите во целиот регион, низ решавање на сите прашања во интерес на земјите и на целиот регион, што овозможува стабилност и просперитет за сите, истакнал премиерот Спасовски.

На средбата е заеднички оценето дека економската размена меѓу двете држави е исто така во развој и дека постојат уште можности за унапредување на соработката на економски план.

Спасовски и Дивјак Томиќ разговараа и за светската здравствена криза и за потребата од функционирање во секојдневниот живот низ совесно и одговорно однесување на сите, со цел заштита на јавното здравје и на економиите.

-Премиерот Спасовски врачи писмо до српската премиерка Ана Брнабиќ, на амбасадорката Дивјак Томиќ, во кое што честита за успехот на парламентарните избори во Србија, соопшти владината прес-служба.