Спасители од Битола отпатуваа за Турција, утре вонредна седница на општинскиот Совет
Пет битолчани од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица- Битола отпатуваа за Турција за да се вклучат во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот.
Од Општина Битола информираат дека на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, утре ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.
-Ова е само еден од начините, со кои Општина Битола, се обидува да обезбеди поддршка за населението во овие земји кои се соочуваат со тешки материјални и човечки загуби, после катастрофалниот земјотрес. Пријателството меѓу Битола и Турција, се негува многу години, како со збратимениот град Бурса, така и со други градови од оваа земја, се нагласува во соопштението на Општина Битола.
Длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот, изрази градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација