Спасено бебе кое било избодено и живо закопано
Жена која пасела говеда во Тајланд наишла на мал свеж гроб од кој се слушало плачење на бебе. Таа ја откопала земјата и од таму извадила неколкудневно бебе кое со помош на соседите го однела во најблиската болница. По интервенција на лекарите бебето преживеало. Лекарите денеска за локалната телевизија изјавија дека спасеното бебе е „вон опасност по животот’’.
Констатирани се 14 убоди по телото на бебето, посебно во градите и стомакот. Полицијата во тајландската провинција Кох Каен трага по нехуманите родители и мотивот на нивниот обид за грозното чедоморство.
Иако Тајланд има неславна репутација дека е гнездо на сексуалната индустрија, населението, особено селското, во однос на сексуалните слободи е конзервативно. Сексуалното воспитување не е застапено во училиштата, освен во еден дел каде што лекциите се сведуваат на тоа девојките да чекаат на првиот однос до созревањето.
Наспроти ова, Тајланд има највисок процент на забременети тинејџерки во регионот. Дозволата за абортус е строго рестриктивна, па така се чести илегалните. Во 2011 година, на 40 месеци затвор била осудена жена која помагала да се извршат над 2.000 абортуси во простории на еден будистички храм во близината на Бангкок.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.