Здравје
19. April 2017 - 21:46

СПАС ЗА ПУШАЧИТЕ: Природен еликсир за чистење на белите дробови

Ако сте пушач подолго од 5 години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика.

Бронхитис, како и кашлање се сигурно нешто со што се борите. Но, постои рецепт кој може да ви ги олесни проблемите.

Ѓумбирот ќе ви помогне да се ослободите од шлајмот. Кромидот и лукот имаат силни антиканцерогени својства се одлична превентива за малигни болести. Кромидот е особено ефикасен во превенција на респираторни инфекции. Куркумата е преполна со витамини, минерали и омега 3 масни киселини.

СОСТОЈКИ:

400 гр кромид

1 л вода

400 гр шеќер

2 лажици куркума

парче ѓумбир со големина на палец

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во водата ставете шеќер и оставете малку да крчка. Додајте кромид сечкан на поголеми парчиња и изрендан ѓумбир. Кога мешавината ќе зоврие, додајте и куркума, намалете ја температурата и оставете уште малку да крчка.

Гответе додека смесата не се преполови количински, а потоа течноста ставете ја во стаклена тегла. Оствете да се излади, а потоа ставете ја во фрижидер.

Земајте две лажици наутро на празен стомак и два часа после вечера.