Фудбал
2. December 2022 - 19:03

СП2022: Јужна Кореја со гол во судиското продолжение избори осминафинале

Завршното коло во групата Х на Светското првенство во Катар донесе драматична разврска во борбата за второто место на табелата на кое со гол во судиското продолжение на крајот се искачи Јужна Кореја и заедно со Португалија обезбеди пласман во осминафиналето.

Јужна Кореја беше во негатива во дуелот против Португалија, која од претходно го обезбеди пласманот во нокаут фазата, а дојде во водство преку Рикардо Хорта во 5 минута. Јужнокорејците ја анулираа негативата со израмнувачкиот гол на Ким Јонг – Гвон (27), а победата ја обезбедија во првата минута од судиското продолжение преку Хванг Хе – Чан по одлична асистенција на Сон Хјон – Мин.

На чекор до пласман во осминафиналето беше и Уругвај, кој со 2-0 триумфираше над Гана, но победата на Јужна Кореја значеше дека на Уругвајците им беше потребна победа од најмалку три голови разлика.

Двоен стрелец за Уругвај беше Џорџиан де Араскаета (26, 32), откако претходно Гана не реализираше од белата точка.

Табела Група Х 

Португалија 6-4 6 

Јужна Кореја 4-4 4 

Уругвај 2-2 4 

Гана 5-7 3.