Loading Video...
Ракомет
13. August 2019 - 19:44

СП У-19: Македонија во осминафиналето против Португалија

Македонската кадетска репрезентација  со пораз ја заврши групната фаза на СП во ракомет што се игра во Скопје и во осминафиналето ќе игра против селекцијата на Португалија во утрешниот термин од 20.45.ч.

            Неочекувано тежок пораз на нашите репрезентативци од селекцијата на Јапонија со 31-22 во меч во кој шаблонската игра на избраниците на Брестовац не можеше да се спротистави на техничката перфекција и борбеноста на самураите.

            Самиот почеток на мечот го најави ваквиот епилог откако Македонија во првите 9 минути не успеа да постигне погодок па противникот направи предност од 6-0 која до крајот на мечот нашите млади ракометари не успеаја да ја загрозат.  Костески со 8 погодоци и Серафимов со четири беа најефикасни во нашиот тим. Костески е и прв стрелец на Мундијалот по групната фаза со 40 погодоци пред Серафимов кој е втор со 37.

            Нашиот противник во осминафиналето Португалија има перфектен учинок во групната фаза каде пријатно изненади со 5 победи и тоа во дуелите со Германија, Исланд, Србија, Тунис и Бразил.

            Мечот Македонија – Португалија ќе се одигра утре со почеток во 20.45ч во спортската сала Борис  Трајковски.