Фудбал
21. јуни 2018 - 10:59

СП Русија: Шпанците на чекор до следната фаза

Селекцијата на Шпанија славеше минимално во пресметката со одличната селекција на Иран и е на чекор до пласман во следната фаза на СП во Русија со 4 освоени бода во групата колку што има и Португалија.
Стрелец на единствениот погодок беше Коста во 54м.
Иран имаше свои шанси да се спаси од пораз а постигна и гол од слободен удар кој беше поништен поради офсајд па сега ќе мора да бара победа против Португалија во последното коло за да може да го продолжи настапот на мундијалот.