Loading Video...
Фудбал
23. јуни 2018 - 16:45

СП Русија: Белгија продолжува да „гази“

Селекцијата на Белгија по убедливата победа над Панама (3-0) оствари уште поубедлива во дуелот со Тунис кој го доби со 5-2 и се пласира во осминафиналето на СП во Русија.
Предводени од извонредниот Азар кој постигна два погодоци популарните „ѓаволи“  лесно дојдоа до победата против против селекцијата од Африка која прифати отворена игра.
Двократен стрелец на мечот беше и Лукаку додека последниот гол беше дело на Батшуаији додека за Тунис головите ги постигнаа Брон и Казри во самиот финиш од мечот.  Во оваа група утре играат Англија и Панама.