Loading Video...
Ракомет
20. January 2021 - 19:52
СП Ракомет: Македонија надиграна од Словенија
Ракометната репрезентација на Македонија е поразена со 31-21 од Словенија на СП во Египет.
Избраниците на селекторот Брестовац одиграа солидни 20минути по кои резултатот беше израмнет 9-9 по што цели 9 минути не постигнавме погодок и Словенија замина на пауза со предност од 13-9.
И во вториот дел нашата репрезентација продолжи со лошата серија и техничките грешки што Словенија го користеше и во 42м имаше предност од 21-12 што на крајот им донесе сигурна победа.
Кире Лазаров со 5 гола беше најефикасен во нашиот тим.
Следниот натпревар го играме за два дена против Русија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->