Ракомет
14. January 2019 - 20:34

СП 2019: Изјави од прес конференција на Червар и Шего

Хрватската репрезентација со триумфот против Македонија со 31:22 ја оставри третата победа во групата и со тоа го потврди пласманот во следната фаза и што е уште поважно ќе пренесуваат најмалку два бода.
 
На пресот селекторот Лино Червар изјави:
- Честитки за македонија за фер и коректната игра. Мојот тим денеска играше добро и во напад и во одбрана, а имавме и повеќе опции и 6-0 и 5-1. Ова е само почеток за нас на СП, бидејќи ни следи и дуелот со Шпанија.
 
Јунак на натпреварот беше голманот Марин Шего кој дуелот го заврши со 12 одбрани.
- Одигравме добар натпревар од првата до последната минута и ја заслуживме победата.
 
Хрватска во следното коло игра против селекцијата на Бахреин.