Loading Video...
Фудбал
20. јуни 2018 - 16:19

СП 2018 Русија: Роналдо за победа на Португалија, но и влез во историјата

 
 
Кристијано Роналдо повторно беше предводник на својата селекција на вториот меч за Португалците на Мундијалот во Русија. 
 
Благодарение на голот на Роналдо во 4.минута, Португалија го совлада Мароко со 1-0, во дуел од 2.коло на Б групата во која вечерва од 20 часот во Казан ќе играат Шпанија и Иран.
 
Со овој гол Роналдо го минале легендарниот Ференцц Пушкаш кој за Унгарија имаше постигнато 84 гола. Денешниот гол за Роналдо беше негов 85-ти во дресот на Португалија, што го чини вториот најефикасен играч во историјата. 
 
Единствено пред Португалецот е Али Даеи кој за селекцијата на Иран има постигнато 109 гола.