Loading Video...
Фудбал
1. July 2018 - 18:47

СП 2018: Русија по пеналите ја совлада Шпанија и се пласира во четвртфиналето на Мундијалот

Во првиот меч од осминафиналето од денешната програма домаќинот на шампионатот Русија дури по подоброто изведување на пеналите забележа победа над Шпанија со 5:4, откако регуларниот дел заврши нерешено 1:1, со што Русите се пласираа во четвртфиналето. 
 
На средбата во Москва, Шпанците дојдоа во водство благодарение на несреќниот автоголот на Сергеј Игњашевич во 11-тата минута.
 
Сепак во финишот на првиот дел домаќините стигаа до израмнување. Во 41.минута со рака во казнениот простор на Шпанија играше Пике, а по прегледувањето на видео снимката, беше досудена најстрога казна за Русија. Сигурен реализатор на пеналот беше Артем Џјуба. 
 
До крајот на регуларните 90-минути двете селекции имаа по неколку обиди за втор гол, но резултатот остана непроменет 1:1, а иситиот остана и по продолженијата. 
 
Во пенал „рулетот“ рускиот капитен голманот Акинфеев ги одбрани ударите на Коке и Аспас, па со 4:3 на пенали или вкупни 5:4, Русите се пласираа во следната рунда. 
 
Кој ќе биде нивни противник на домаќинот на шампионатот Русија во четвртфиналниот меч закажан за 7 јули, ќе дознаеме вечерва по дуелот Хрватска и Данска кој ќе се игра во Нижниј Новгород со почеток од 20 часот.