Loading Video...
Фудбал
22. јуни 2018 - 15:59

СП 2018: Бразил се изнамачи со Костарика која ја победи во судиското дополнение

Селекцијата на Бразил се изнамачи во дуелот против Костарика, која сепак на крајот успеа да ја победи и тоа со два гола постигнати во судиското дополнение. 
 
Во мечот од Е групата кој се играше во Санкт Петербург, селекцијата на Бразил го скрши отпорот на Костариканците дури во 91-минута со голот на Кутињо, негов втор на шампионатот. 
 
Потоа и Нејмар кој претходно пропушти неколку големи шанси, успеа да го совлада Кејлор Навас во 96-минута, за конечни 2-0 за „кариоките“ 
 
 
Претходно, Бразилците пропуштија неколку големи шанси преку Паулињо и Кутињо во 49.минута, па во два наврати Нејмар 56-тата и 72.минута кога од 17-тина метри биеше крај голот на Кејлор Навас. 
 
Во 77.минута судијата Кујперс досуди пенал за Бразил, но по прегледувањето на снимката, ја корегира својата одлика, па топката им ја додели на Костариканците
 
Бразил сега има 4 бода и се наоѓа е на првото место на табелата, пред Србија со 3 и Швајцарија со 1, додека Костарика е последна без бодови.
 
Во вториот меч од оваа група, кое е и последниот од денешната програма од  20 часот ќе играат Србија и Швајцарија, дуел во кој доколку Србите успеат за забележат победа ќе се пласираат во осминафиналето.