Loading Video...
Свет
6. April 2019 - 16:40

Советот за безбедност на ОН побара итен прекин на сите воени операции во Либија

Советот за безбедност бара итен прекин на сите воени операции во Либија. Германскиот амбасадор Хојсегн во својство на моментен претседавач со Советот за безбедност, бара силите на Хифтар да се откажат од сите воени активности со која командува Калифа Хафтар односно да се откажат од офанзивата на Триполи.

Германскиот амбасадор во ОН, Хојсген, нагласи дека ги повикуваат сите страни повторно да почнат дијалог, да ги почитуваат своите обврски и да дејствуваат во рамките на ОН.