Македонија
28. April 2017 - 20:24

Состојбата во и пред Собранието денеска е мирна со големо полициско обезбедување

Улицата пред Собранието е блокирана за сообраќај, освен полициски возила пристапот е забранет за граѓаните. Полицискиот кордон е поставен пред Порта Македонија, старата градска болница, ГТЦ и зад Собранието.

Околу зградата можеа да се забележат само неколку странски медиумски екипи и по некој пешак. Шаторите кои ги поставија синоќа од граѓанската иницијатива за заедничка Македонија, сеуште се пред зградата на парламентот но не и граѓаните кои протестираа. Мирно е и во Собранието, а од прес службата информират дека се работи на утврдување на материјална та штета и за ставање вофункција на работните простории кои вчера беа демолирани во инцидентот.  Се прават напори да се врати во првобитна состојба со што ќе се обезбедат услови за работа. Конститутивната седница која беше закажана за во 11 часот, е одложена а кога ќе се одржи истата од прес службата најавија дека јавноста ќе биде информирана.  Од утрово во парламентот не се дозволи влез за новинарските екипи поради присуството на јавен обвинител и екипите кои вршат увид.