Состојбата на српските деца на лекување во Бугарија и понатаму е тешка
Децата примени во најголемата бугарска болница „Пирогов“ по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, меѓу кои и од Стара Загора. Нема директна опасност по нивните животи, додаде д-р Димитров.
Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов“ се во готовност. Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија.
Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта.Во две одделни интервјуа за БНТ и бТВ. Јовиќ ги дефинираше активностите на бугарските спасувачки и медицински тимови како многу професионални.
Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија. Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки.
„Благодарам сограѓани Бугари, благодарам до сите институции, до градоначалникот на Стара Загора, до обичните луѓе. Во првиот момент ја видовме реакцијата на обичните луѓе кои се вратија од морето, кои веднаш реагираа, тие не размислуваа за себе. Многу благодарам на сите што учествувавте“, изјави српскиот амбасадор во Софија, Жељко Јовиќ.
Тој коментира дека и Србија ќе спроведе своја истрага по завршување на истрагата на бугарските власти.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ