Македонија
10. January 2019 - 16:58

Состојба со патиштата и населените места по обилниот снег и ниски температури

Непроодни патишта во Скопско, Прилеп, Македонски брод, Куманово.. Патниот правец Маврово – Дебар во целосен прекин поради снежна лавина.. Врнежите од снег создаваат проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.. Од АМСМ велат дека се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила преку Стража, Пресека и Барбарос.

На останатите патни правци, според АМСМ, сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци од кашест снег.

Граѓаните пак објавуваат фотографии на социјалните мрежи од неисчистени патишта. Посебно ги револтира снегот на новиот автопат кон Гевгелија. Состојбата будно ја следи Дирекцијата за заштита и спасување.

Засега само општина Липково има побарано помош за расчистување на снегот.Снег на коловозите има и во градските средини.

Општинските власти велат дека зимските служби постојано се на терен.Од градот Скопје  објаснуваат дека засега нема проблеми во одвивањето на сообраќајот..

Освен надлежните, обврска за чистење на снегот имаат граѓаните и дуќанџиите.. Тие законски се обрзани да чистат пред продавниците и домовите.