Македонија
3. December 2015 - 8:32

Состанок на Мешовит парламентарен комитет - РМ и ЕУ

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи првата работна сесија на 13-от состанок на Мешовит парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ).

Состанокот ќе го отворат Кенан Хасипи и Алојз Петерле, ко-претседавачи на МПК - РМ и ЕУ.

Членовите на Мешовитиот парламентарен комитет ќе разменат мислења со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со евроамбасадорот Аиво Орав, како претставник на Советот на ЕУ и на ЕК.