Сопругата на Џефри Дин Морган со улога во „Живи мртовци“
Помалку познатата глумица и инаку сопруга на Џефри Дин Морган, Хилари Бартон ќе ја глуми починатата сопруга на неговиот лик во ТВ-серијата „Живи мртовци“ (Тhе Walking Dead).
Таа на Твитер објави дека ќе ја глуми Лусил – лик за кој гледачите дознале, но сѐ уште не го запознале.
„Беше прилично тешко ова да се чува во тајност… Но, задоволство ми беше да работам со @JDMorgan. Сакам да го гледам како го глуми #Ниган и мавта со својата палка. И, го сакам семејството @TheWalkingDead (‘Живи мртовци‘). Тие се дел од нашето семејство со години и јас сум многу благодарна за нивната љубезност. Ве бакнувам и гушкам, #hereslucille (’еве ја Лусил’)“, напиша Хилари.
Џефри Дин Морган веќе пет години го глуми (не)славниот Ниган – негативец кој преоѓа на „праведната страна“ на приказната.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење