Свет
30. October 2017 - 11:46

Сопругата и децата на Пуџдемон најверојатно се во Романија

Сопругата на сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, Марсела Топор, непосредно пред прогласувањето на независноста на Каталонија, заминала во својата родна Романија со двете нивни деца, пренесуваат локални медиуми.

Според шпански медиуми, Марсела со ќерките Магали и Марија заминале во Романија откако сопругата на Пуџдемон открила дека каталонската полиција повеќе не ја чува нивната вила на излез од градот Жирона.

Еден од соседите вели дека во изминатите 10 дена, не постојат знаци дека некој живее во нивната вила.

-Чудно е што додека Пуџдемон беше претседател, Мосос ја чуваше вилата 24 часа, а сега ги нема полицајците ниту во близина, рече тој.

Марсела, која првично се занимавала со глума, а потоа преминала во  новинарство, е повлечена личност, но не ја крие својата поддршка за независност на Каталонија, пишуваат странските медиуми.