Македонија
22. January 2017 - 9:55

Сообраќајот во зимски услови, магла кај Страцин

ЈП Македонија пат во утринскиот извештај соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нивните дежурни екипи.  Магла со видливост од 100 до 150 метри има кај Страцин.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонија пат информира дека нивни  екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.