Македонија
22. February 2020 - 8:07

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Оа Автомото сојузот препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември 2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2020 година.