Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по влажни коловози со наместа остатоци од кашест снег по интервенција на ЈП Македонија пат. Снег провејува на Деве Баир, Плетвар, Кула, Крива Паланка, Страцин и Павлешенци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-
Шуто Оризари конечно доби матичен гинеколог
-
Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување
-
Албанската армија од денеска обезбедува 74 објекти од посебно значење
-
Владините претставници веројатно ќе се вакцинираат по велигденските празници, рече Филипче
-
Филипче: Близу 20.000 жени добија пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита во Шуто Оризари
-
Заев: Ќе побарам од службите Пауновски да биде разрешен
-
Косово одби да го екстрадира Африм Исмаиловиќ
-
Кривична пријава против државен инспектор за животна средина поради примање поткуп