Македонија
2. November 2016 - 8:41

Сообраќајот на Мелнички мост на патот Маврово - Дебар по една коловозна лента

Поради изведување работи на пат, сообраќајот на магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички мост, од денеска до понеделник ќе се одвива по една коловозна лента, наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 
 
АМСМ претходно информираше и дека делницата помеѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај за сите видови возила поради изведување градежно-асфалтерски работи. 
 
Сообраќајот утрово на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.