Македонија
15. February 2016 - 8:32

Сообраќајот без забрани, по претежно влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.