Македонија
20. October 2019 - 13:19

Сообраќајка во Скопје, едно лице тешко повредено

Денеска во 05.15 часот на крстосницата од ул.„Аминта Трети“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „киа конкорд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(33) од с.Студеничани, скопско, и патничко моторно возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Н., кој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.