Македонија
26. July 2016 - 9:26

Сообраќајка несреќа на патот Градско-Прилеп, има повредени

Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Градско-Прилеп кај мотелот Дреново, потвдија за МИА од МВР.

- Сообраќајната несреќа ја пријавил случаен минувач. Се работи за патничко моторно возило кое излетало од патот. Повредени лица има, но засега не може да се дадат повеќе детали за случајот, информираат од МВР.

На местото на несреќата пристигнала брза помош и противпожарно возило, а увидот е во тек.