Македонија
4. October 2019 - 17:50

Сообраќајка на „Пријателство“- три лица повредени итно пренесени во болница

На автопатот „Пријателство“, на 04.10.2019 во 00.05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (60) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (39) од Скопје.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.С. и сопатникот од истото возило С.П.(31). Б.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.П. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
 
С.Д. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.