Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.
Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.
Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба „Национални шуми“ оштетени со 769.300 денари
-
Министерот Тупанчески оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал
-
Триесет и две години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна Република Македонија
-
Вооружен напаѓач го убил шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран
-
Милков: Амбасадорот Ангелов ќе се врати во Скопје кога ќе се создадат соодветни услови
-
Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија на нуклеарната енергија
-
Уапсен 47 годишник од Чегране кој „оперирал“ низ куќи во Гостивар
-
14-годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимал, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи