Македонија
23. November 2019 - 18:19

Сообраќајка на патот Делчево - Штип, младо момче тешко повредено


20-годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа на патот Делчево-Штип.

Рано утринава во 04:02 часот, кај место викано ,,Кучичинска крстосница“, патничко моторно возило ,,опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.М. од село Теранци излетало од патот, соопштија од МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 20-годишниот А.К. од село Видовиште, кој бил префрлен во Клиничкиот центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.