Бизнис
25. October 2019 - 13:43

СОНК: Од 11 ноември образованието стапува во генерален штрајк

СОНК не го прифати предлогот на МОН за зголемување на платите од 10 отсто. Најави генерален штрајк.

Иако не прецизираа точно колку да биде покачувањето бараат да биде повисоко  од 10 отсто и наместо од април да важи од први јануари.

Ако во рок од 15дена барањата не се исполнат ќе има целосен прекин на наставата.

Од СОНК побараа и воведување на К 15, почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови.

Ирена Чачкова