„Сонети на летната ноќ“ вечер на „Битола Шекспир фестивал“

Актери на Битолскиот народен театар и американската театарска компанија „Лит Мун“ вечер во рамките на „Битола Шекспир фестивал“ ќе ја изведат претставата „Сонети на летната ноќ“.
Овој театарски проект подготвен од четири режисери содржи четири приказни кои ќе бидат изведени на четири сцени во Битолскиот театар, истакна уметничкиот директор Благој Мицевски и режисер на театарската приказна „Тој/Таа“, а освен него, приказната „Странствување“ ја режира Џон Блондел, приказната „Творец на бебиња“ ја режира Мичел Томас, а приказната „Еден летен ден“ ја подготви Викторија Финлејсон.
- Минатата година театарската компанија од Санта Барбара и Битолскиот театар одржаа многу работилници инспирирани и посветени на Сонетите од Вилијам Шекспир. Производ на работилниците се четири кратки театарски приказни кои се режирани и ќе ги одиграат уметници од двете држави со што конечниот театарски производ е една интернационална креација, истакна американскиот актер Мајкл Бернард кој вечер на сцената ќе настапи со македонската актерка Соња Михајлова.
Првиот дел од „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер со претставите „Ш“ и „Сонети“ чии режисери се Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски, а во изведба на Народен театар-Битола.
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
