Македонија
2. January 2021 - 8:51

Сончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд

 

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта, како што соопшти УХМР, облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, наутро со услови за слаба магла во делови од котлината. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.

Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег