Македонија
15. March 2019 - 8:24

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од шест до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 15 степени.

Следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Утринските температури ќе се позитивни.