Сончево, попладне можност за пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Од утре следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени Целзиусови и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море