Македонија
16. January 2019 - 8:59

Сончево и студено време, од петок нова промена

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 14 степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до осум степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до минус девет, а дневната температура до три степени.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.