Сончево и многу топло, од среда пад на температурите
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До вторник ќе биде топло со променлива облачност и со услови за изолирана нестабилност претежно во планинските региони. Од среда ќе дува умерен до засилен ветер и во попладневните часови од денот ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, а температурите ќе опаднат за неколку степени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација