Македонија
24. September 2020 - 21:17

Собраниската надзорна улога врз државните институции само декор

Над 20 годишни извештаи за работата на толку институции стигнале во парламентот од понеделникот до денеска. Се работи за институции над кои Собранието треба да врши надзор, а се клучни за справување со корупција, за човековите права, за жалбите на граѓаните, за финансиски ревизии на државните органи. .. но ретко ги слушаме пратениците како дебатираат за овие работи, а  најчесто се завршува само  со кревање рака дека извештајот е доставен со што парламентарната контрола е извршена.

Експертите велат, прво треба да се направат деловнички измени со кои парламентот ќе може да го повика на одговорност оној кој што раководи со институцијата која не сработила доволно.

Но, Деловникот, не е доволен, пратениците ќе мора да се ангажираат повеќе, вели експертот.

Иако политичката контрола е една од уставните надлежности на парламенот, таа совен во форма на пратенички прашања или интерпелација за министрите никогаш реално не била спроведена од ниту еден пратенички состав.