Македонија
21. September 2020 - 19:51

Собранието одлучува по предлог законите за основно и средно образование

До крајот на оваа недела или пак, почеток на наредната недела Владата и формално ќе може да ја донесе одлуката за почеток на учебната година и за видот на наставата во услови на Ковид-19, согласно измените на законите од образованието за одвивање на наставата во услови на пандемија. Власта и опозцијата сепак, имаат различни ставови за тоа колку овие измени навистина ќе ги решат проблемите на учениците, родителите и наставниците.

Од власта сметаат дека измените ќе овозможат оваа учебна година успешно да почне и да за се заврши.

Од опозицијата пак, се изјаснија дека ќе гласаат воздржано за ваквите законски измени. И понатаму сметаат дека државата требала да ги обезбеди компјутерите за онлајн настава на социјално загорзените семејства, потоа да обезбеди асистенти за настава на децата со посебни потреби, како и тоа одлуките за наставата Владата да ги носи во консултација со ресорниот министер или пак, Бирото за образование.

Законските измени во собранието влегоа минатата недела по скратена постапка и со нив се предвидува Владата да ја носи одлуката за видот на наставата на дел или на целата територија на државата согласно епидемилошката слика.