Собранието не расправаше за измените на Законот за заштита од заразни болести
Собранието на Република Македонија денеска ја започна 18. седница беа донесени две одлуки за испраќање припадници на Армијата во мисиите УНИФИЛ во Либан и Алтеа, како и неколку ратификации на договори и спогодби. Иако, претходно беше најавено на собранискиот сајт, измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, не беше ставен на дневен ред на оваа седница. Во него требаше да бидат вметнати измени и дополнувања во контекст на владините мерки за заштита на населението од Ковид-19.
Пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка. Законот ќе биде донесен откако за него ќе одлучуваат матичните собраниски комисии и ќе помине амандманската расправа.
На денешната седница пратениците ја изгласаа одлуката за испраќање двајца штабни офицери, припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Република Либан. Штабните офицери мисијата ќе ја започнат во јануари 2021 година, а во УНИФИЛ ќе бидат до јули 2021 година.
Исто така на седницата беше изгласана и одлуката за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Пратениците ги донесоа и законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот, на Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Црна Гора за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Македонија и Црна Гора, Договорот помеѓу владите на Македонија и на Република Србија за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти, како и Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете земји.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година