Собранието ја почна 97. седница
Собранието на Република Македонија на почетокот на денешната 97. седница ги донесе одлуките за изменување на Одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ и на Одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“.
На седницата беше ратификуван Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за правна помош во граѓански и кривични предмети, кој е склучен во Будва, Црна Гора, во декември 2013 година.
Заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска рече дека со овој Договор двете страни-потписнички се обврзуваат да даваат една на друга правна помош во граѓански предмети кои се однесуваат на семејни, работни, трговски, како и на имотно-правни односи.
Пратениците го ратификуваа и Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, кој е склучен исто така во Будва, во декември 2013 година.
Седницата по паузата ќе продолжи со расправа по предложените законски решенија во прво читање.
На дневен ред на седницата, меѓу другите точки, се предлог законите за изменување и дополнување на законите за сигурност во железничкиот систем, за научно - истражувачката дејност, за иновациската дејност, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за спортот, за медијација, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи