Македонија
23. August 2019 - 21:31

Собранието доби тројка заедно со Владата - Претседателот со подобра оцена

Од еден до пет,  безмалку тројка е оцената која што ја добил овој парламентарен состав за својата работа за првата половина од годинава. Оцената е добиена врз основа на анкета и анализа спроведени во текот на мај која ја спровел Институтот за демократија во проектот Собранието под лупа. По претседателот на државата, парламентот и владата уживаат еднаква доверба.

Според истражувањето, во своите обраќања пратениците најмногу ги користеле зборовите  „Македонија“, „Милиони“, „Република “, „Евра“ и „Денари “.

„При тоа, Зборовите „Македонија“ и „Република“ се повторуваат константно низ анализите како најчесто користени зборови во Собранието.  Останатите зборови - “Милиони “, “Евра “и “Денари “, укажуваат дека во дискусиите во периодот на известување, фокусот беше ставен на финансиски и економски прашања“, велат од Институот за демократија.

Но кога, граѓаните ќе ги прашате во чии интереси работат народните избраници, најмногу од нив одговараат дека тоа се личните интереси, потоа партиските интерес и бизнис интересите. Според анкетата, пратениците најмалку работата во интерес на граѓаните.

Истражувањето покажало дека народните избраници се уште дебатираат на ниско ниво.

Според анкетата, во парламентарната дебата 60 отсто од дискусиите се на пратениците од опозицијата, додека 40 отсто од оние на власта. Најкарактеристично од работата на парламентот изминатава година била ратификацијата на Договорот од Преспа, потоа усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, па уставните измени за промена на името.

Наместо Собранието да ја контролира работата на Владата, како што то го предвидел Уставот, граѓаните сметаат дека извршната власт е таа која што го контролира парламентот.