Loading Video...
Спорт плус
13. February 2020 - 14:21

Со ваучерскиот се создаваат квалитетни услови за врвни спортски резултати

Откако на крајот на 2019 година за спортистите, клубовите и федерациите ги добија ваучерите за дополнително финансирање во спортот, во износ од  10 милиони евра, сега истата мерка започнува речиси на почетокот на 2020-та истата, со што ќе се овозможи дополнителен стимул, но и подобри резултати на македонските спортисти.
 
Ова е само дел од определбата на Владата за поддршка на спортот преку создавање најдобри услови, истакна на денешната прес конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски 
 
„Поучени од првичното искуство со мерката во 2019 година, оваа година ваучерскиот систем за поддршка на спортот го отпочинуваме сега и ќе трае до крајот на 2020 година. Тоа ни дава за право да бидеме уверени дека проектираните средства од дополнителни 10 милиони евра за поддршка на спортот од ваучерскиот систем ќе бидат искористени целосно, односно 100 проценти. Дополнителните 10 милиони евра стигаат до крајните корисници – националните спортски федерации, клубовите и индивидуалните спортисти од олимписки и неолимписки спортови за создавање на квалитетни услови за врвни остварувања во клупскиот и во индивидуалниот спорт“, нагласи Спасовски.
 
Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски нагласи дека издвоените средства на крајот ќе завршат токму кај оние за кои и се наменети спортистите.    ТОНСКИ - Дарко Каевски
 
Заблагодарувајќи се од името на спортските работници претседателката на РК „Металург“ Зорица Блажевска не ја пропушти можноста да ги потенцира дека овие средства пред се треба да бидат наменети за нашите млади генерации. 
 
Премиерот Спасовски најави продолжување на вложувањата во спортот, а заедно со Каевски и Блажевска ги повикаа приватните стопанственици и менаџерите на компаниите да ја поддржат оваа мерка и како и лани и оваа година да продолжат да вложуваат во спорот