-->
-->
Со рецитали на бугарски песни, отворено првото бугарско училиште во Скопје
-->
Според Атанасова, причина за отворањето на училиштето се десетици бугарски семејства од цела Македонија. На нивно барање Министерството за надворешни работи на Бугарија одобрило “Курсеви за обука по бугарски јазик” за деца од 6 до 17 годишна возраст.По пауза од 75 години, во Скопје е отворено бугарско училиште, објави Агенцијата за Бугарите во дијаспората (ДАБЧ) од каде информираат дека отварањето се случило на 25-ти јануари оваа година.
Како што стои во информацијата објавена на страната на оваа државна агенција на владата на Бугарија, училиштето е отворено со рецитали на бугарски песни.
Раководител на училиштето кое ќе работи во саботите и неделите е Илијана Атанасова, а наставата ќе се одржува во училиштето „Димитар Миладинов“ во Скопје.
Според Атанасова, причина за отворањето на училиштето се десетици бугарски семејства од цела Македонија. На нивно барање Министерството за надворешни работи на Бугарија одобрило “Курсеви за обука по бугарски јазик” за деца од 6 до 17 годишна возраст.
Во известувањето на Државната агенција за бугарите во дијаспората се вели и дека од Бугарија се испратени многу учебници, книги, помагала и материјали за успешен старт на училиштето.
Бугарските лингвистички експерти имаат дилема дали се работи за прво бугарско училиште во Македонија или за јазични курсеви, но велат дека ова е доказ дека односите меѓу двете земји напредуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
