-->
-->
Со полициска интервенција од бугарскиот Парламент изнесени пратеници на „Преродба“
-->
Пратениците од бугарската партија Преродба кои ја напуштаа зградата на Народното собрание, и која се смета за проруската партија во Бугарија, на влезот ги пречека група демонстранти кои се обидоа да се судрат со нив.
Полицијата мораше да ги изнесе од зградата на бугарскиот парламент по завршувањето на работниот ден, јави дописникот на МИА од Софија.
Обезбедени од тесен кордон, пратениците од Преродба беа упатени кон централната улица, а демонстрантите трчаа по нив. Засилено е и полициското присуство во реонот на патријаршиската катедрала Свети Александар Невски и Универзитетот во Софија.
Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов со пластични шишиња беше мета на демонстрантите за поддршка на сменетиот претседател на Народното собрание Никола Минчев, откако тој се обиде да оди до нив. Униформирана полиција брзо да го однесе до зградата на Народното собрание.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид