Македонија
11. July 2022 - 16:46

Со нож прободел соселанец, а откако го спровеле во полициска станица истепал полицаец

На 10.07.2022 во 07.17 часот на ул.„Прашка“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Е.И.(26) од с.Грчец, скопско, затоа што со остар предмет му нанел повреда на З.Љ.(37) од с.Грчец. Откако бил спроведен во Полициската станица Карпош тој физички нападнал и полициски службеник, информираа од МВР..

По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.