Македонија
14. November 2019 - 8:16

Со нов закон и нови кадри до подобрување на состојбата на македонскиот јазик

Преку нов Закон за употреба на македонскиот јазик и со нови вработувања во фелата, Владата ќе се заложи за унапредувањето на состојбата на македонскиот јазик и македонистиката.

Ова е наша заедничка мисија и одговорност, вели премиерот Заев, порачувајки дека подмладениот наставен и научен кадар ќе има задача да обезбеди заштита и афирмација на македонскиот јазик.

Со новиот Закон, меѓудругото, се предвидува и вработување на лектори во сите државни и јавни установи, како и стипендии за студентите по македонски јазик од сите универзитети.

Потребата од нов кадар ја констатираше и директорката на Институтот за македонски јазик.

Јованова Грујовска дополни дека институцијата има услови да вработи најмалку 15 млади научници, чиј ангажман не е предизборно мотивиран, туку претставува неопходна потреба.