Македонија
25. October 2018 - 17:26

Со лажни документи побарале кредит, двајца прилепчани помислиле дека ќе измамат банка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ц.(28) од Прилеп, за сторено кривично дело ,, измама при добивање кредит или други погодности“.

На 31.август годинава во Прилеп, во филијала на Банка, пријавениот поднел барање за одобрување на потрошувачки кредит, при што предметните образци ги пополнил со невистинити податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години, за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на правното лице.

Врз основа на наведената документација, на 03.09.2018 година банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, а при извршени проверки во наведеното правно лице, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во наведената фирма.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Л.П.(23) од Прилеп, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодности“ „фалсификување исправа“. 

На 27 август годинава пријавениот со цел да подигне потрошувачки кредит, набавил и во Банка приложил фалсификувана документација и потврда со невистинити податоци дека е вработен во фирма од Прилеп, по што било констатирано дека депонираниот потпис на управителот на фирмата не се совпаѓа со приложениот во лажната документација.

Откако пријавениот бил известен дека кредитот не му се одобрува, на истиот начин се обидел да подигне кредит во друга Банка приложувајќи невистинити податоци дека е вработен во фирма од Скопје.