Со инвестиција од 300 милиони долари, „Фејсбук“ ќе помага на локални новинари во борбата против лажни вести
„Фејсбук“ ќе инвестира 300 милиони долари во следните три години во локални новински агенции во светот, откако компанијата долго беше критикувана за улогата на социјалната мрежа во уништувањето на традиционалните медиуми ширум светот.
Инвестицијата предвидува значително проширување на планот за помош на новинските компании во САД и во странство за креирање и поддршка на одржливи бизнис-модели, соопштија денес од „Фејсбук“.
За разлика од претходните инвестиции на компанијата во новинарскиот бизнис, сегашниот потфат се одликува со тоа што не е поврзан со производи на на самата мрежа. Претходните инвестиции во новинарскиот бизнис ги охрабруваа издавачите да се потпираат на обезбедување на своите производи преку „Фејсбук“, што на крајот наштети на многу новински организации кога стратегиите на социјалната мрежа се променија.
„Фејсбук“ ќе продолжи да се бори и со лажните вести, дезинформациите и нискоквалитетните вести, изјави потпретседателот на компанијата за глобални новинарски партнерства, Кембел Браун, цитиран од агенциите. Според неговите зборови, „Фејсбук“ има можност и одговорност да им помогне на локалните информативни организации да се развиваат и да растат.
Првиот круг од инвестиции во САД ќе помогне за распоредување на ресурсите за локални репортажи, во истражувањето на тоа како технологијата може да се користи за подобрување на пронаоѓањето на вести и создавање на нови производи, за бирање на „практиканти-новинари од заедницата“ и нивното вклучување во локалните новински служби.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра