Фудбал
6. January 2020 - 15:41

Со „Добредојде Златан“, раководството на Милан го пречека Ибрахимовиќ пред натпреварот со Сампдорија

Пред почетокот на денешниот натпревар на Милан со Сампдорија, домаќините на семафорот објавија фотографија со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

-Добредојде назад на „Сан Сиро“ Златан! – стоеше во пораката до шведскиот фудбалер.

Триесет и осумгодишниот Ибрахимовиќ денешниот меч од 18. коло од шампионатот на Италија го почна од клупата за резерви.

Швеѓанецот се врати во Милано на 2 јануари. Тој и порано има настапувано за Милан, а последните две сезони ги одигра на американскиот континент во дресот на Лос Анџелес Галакси.

Навивачите на Милан очекуваат со доаѓањето на Ибрахимовиќ, да дојдат и подобри резултати.